Реклама

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Свет

Исланд спроведува масовно тестирање

Исланд, земја која брои само 364.000 жители, започна со масовно тестирање. Студијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Исланд, земја која брои само 364.000 жители, започна со масовно тестирање.

Студијата објавена оваа недела во американското научно списание New England Journal of Medicine од исландски научници и локалната компанија deCODE Genetics, подружница на американски Amgen ги прикажа резултатите од тестирањето, почнато на 31 јануари, пред болеста предизвикана од коронавирус дури и да го добие името COVID-19 и повеќе од еден месец пред да се прогласи пандемијата.

Со програмата се реализирани две кампањи на тестирање. Со едната, опфатени се лица со симптоми слично на оние предизвикани од коронавируси и лица кои се вратиле од најризичните земји или кои биле во контакт со заразените. Тие тестирања покажале дека 13,3 отсто од над 9.000 тестирани луѓе биле заразени.

Реклама

Втората кампања, покрената од deCODE Genetics на 13 март за остатокот од популацијата, тестирани се Исланѓани без симптоми или со благи симптоми кои не биле во изолација. Во таа популација процентот на позитивни случаи се движи меѓу 0,6 и 0,8 отсто.

Студијата откри дека дури 43 отсто од луѓето кои биле позитивни на тестот немале никакви симптоми или немале во моментот на тестирање.

Анализите покажуваат дека, на почетокот, болеста ја донеле Исланѓаните кои се враќале од Италија и Австрија. Потоа, патници од Велика Британија, пред таа земја да бидат прогласени за ризична, што значи дека вирусот кружел меѓу Британците уште од претходно.

Според најновите статистички податоци, во Исланд има 1.739 потврдени случаи, од кои 1.144 оздравеле, а 8 починале.