Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Исени на дипломатскиот брифинг на МАРРИ: Регионалната соработка е клучна за справување со миграциските и безбедносните предизвици

Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени денеска учествуваше и се обрати…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени денеска учествуваше и се обрати на дипломатскиот брифинг на МАРРИ / Пријателите на МАРРИ, организиран од Регионалниот центар МАРРИ и Претседателството на Босна и Херцеговина со МАРРИ Иницијативата.

Како што соопшти Министерство за внатрешни работи, Исени во своето обраќање ја нагласил важноста на регионалната соработка во управувањето со миграцијата, заштитата на границите и справувањето со современите безбедносни предизвици.

-Нашиот регион се соочува со миграциски притисоци, безбедносни ризици и транснационален криминал. Одговорот на овие предизвици не може да биде изолиран – потребна е постојана регионална координација, размена на информации и заедничко градење институционални капацитети- истакна Исени.

Реклама

Тој потенцирал дека МВР, како институција на земјата домаќин на Регионалниот центар МАРРИ од неговото формирање во 2004 година, останува силно посветено на поддршка на иницијативата и на унапредување на регионалната безбедносна соработка.

Според Исени, МАРРИ Иницијатива има значајна улога како регионален мост меѓу институциите, меѓународните партнери и европските организации, особено во делот на практичната соработка, градењето доверба и развојот на заеднички решенија.

-Безбедноста денес мора да ја градиме врз основа на партнерства. Поддршката од меѓународните партнери, дипломатската заедница и организациите кои работат на ова поле е од исклучително значење за зајакнување на институционалните капацитети и создавање одржливи решенија – потенцирал заменик министерот.

Исени изразил уверување дека МАРРИ и во иднина ќе продолжи да придонесува кон поврзување на институциите од регионот, поттикнување на практичната соработка и приближување кон европските стандарди и вредности.

Тој порачал дека Македонија ќе продолжи активно и посветено да придонесува кон процесите кои водат кон поголема регионална стабилност, безбедност и просперитет.