Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Инвестиција во нова опрема во штипската болница

Над сто милиони денари годинава ќе се инвестираат во набавка на нова…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Над сто милиони денари годинава ќе се инвестираат во набавка на нова медицинска опрема во штипската Клиничка болница. Предвиденo е  да се набават апарати за оделите за Анестезија и интензивно лекување, Интерна медицина и Патологија.

„Во процедура е набавка на апарати. Чекаме одобрение, за да можеме да распишеме јавна набавка за апарат за испитување на остеопороза. Имаме и голема набавка на апарати со што Анестезија и интензивно лекување ќе биде затворен, со што тоа се апаратите  за операција, респиратори, транспортни респиратори и други апарати кои се планирани за оваа година„ изјави д-р Влатко Захариев, директор на КБ-Штип.

Изградбата на новата болница и понатаму останува преиоритет, објаснува Захариев, кој најави формирање на Ургентен центар,  но и преадаптација на модуларната болница. За да се подобрат условие за лекување, но и да се намалат турканиците објектот кој беше изграден во време на корона пандемијата ќе се преанамени во дневни амбуланти, каде ќе се вршат прегледи на пациенти со „Мој теремин„.

Реклама

„Во моментот сме во преговори со градоначалникот Јорданов и локалната самоуправа да се отвори уште еден пристап за пациентите кај модуларната болница. Во скоро време ќе се почне и процедурата за адаптација на Ургентен центар„ изјави д-р Влатко Захариев, дир.на КБ-Штип.

Освен набавка на нови медицинските апарати, за оваа година се предвидени и неколку реконструктивни зафати на веќе постоечките објекти во кругот на болницата. Ке се реконструира кровната конструкција на Инфективното одделение, како и соблекувалните и амбулантите на Физикална терапија. 

Александра Ристевска