Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Интервјуирање кандидати за судија во ЕСЧП во Стразбур

Комисијата за избор на кандидат на Македонија за судија во Европскиот суд…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Комисијата за избор на кандидат на Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур денеска ќе одржи состанок во просториите на Уставниот суд. 

Како што информира Комисијата, по состанокот ќе ги спроведе интервјуата кои ќе се одвиваат на англиски и на француски јазик. 

-Поради зголемување на транспарентноста во процесот за избор на кандидат за судија во Стразбур, Комисијата одлучи интервјуирањето да биде спроведено пред независни набљудувачи. Поканети се претставници од невладините организации „Коалиција сите за правично судење” и Македонско здружение на млади правници, соопшти  Комисијата  за избор на кандидат за судија во Стразбур.

Реклама

Меѓу кандидатите кои се повикани на интервјуа се поранешни и сегашни судии, универзитетски професори и адвокати. Станува збор за 11-те кандидати: Оља Ристова, Тони Менкиноски, Наташа Габер Дамјановска, Јордан Апостолски, Александар Даштевски, Али Алиу, Илир Исени,Јелена Ристиќ, Сашо Георгиевски, Наташа Бошкова и Ана Дангова Хуг.

Деветгодишниот мандат на македонскиот судија во Стразбур Јован Илиевски му истекува на 1 февруари 2026 година.