Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Интеркултурен проект на ПХВ младинци во Делчево

Група млади волонтери при Општинската организација на Црвен крст Делчево од ПХВ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Група млади волонтери при Општинската организација на Црвен крст Делчево од ПХВ иницијативата започнаа интеркултурен проект чија главна цел е зачувување и промоција на културното наследство, традициите и обичаите во локалната заедница, како и поттикнување на меѓусебното разбирање и почитување на различностите.

Проектот како што информираа од Општинската организација предвидува изработка на книга посветена на културното богатство на општина Делчево, во која ќе бидат систематизирани и претставени традиционалните обичаи, народните носии, како и начинот на живеење на луѓето од овој регион низ времето.

-Младите учесници активно работат на собирање на податоци преку разговори со повозрасни жители, истражување на локалната историја и документирање на автентични приказни кои го отсликуваат духот на крајот. Посебен акцент во проектот е ставен на достапноста на содржините, па книгата ќе биде преведена на три различни јазици, со што ќе стане разбирлива и за поширока публика надвор од локалната заедница, истакнаа од Црвен крст Делчево.

Реклама

На тој начин, како што додадоа младите имаат за цел да придонесат кон афирмација на културната разновидност и нејзино приближување до меѓународната јавност.

Како дел од активностите, беше организиран и „Отворен ден“, настан кој предизвика голем интерес кај граѓаните. Присутните имаа можност да се запознаат со дел од традиционалните обичаи, да ги разгледаат изложените народни носии, но и да вкусат разновидна традиционална храна подготвена од локалното население.

Организаторите посочуваат дека ваквите активности имаат значајна улога во зачувување на културниот идентитет, особено кај младите генерации, кои преку директно учество стекнуваат поголема свест за вредноста на сопственото наследство.

– Нашата цел е да ги поврземе луѓето преку културата и да покажеме дека различностите се богатство, а не пречка. Веруваме дека преку оваа книга ќе оставиме траен белег и ќе придонесеме кон зачувување на традицијата за идните генерации – велат учесниците во проектот.

Проектот е дел од пошироките активности на ПХВ програмата, насочени кон поттикнување на младински активизам, волонтерство и градење на инклузивно општество.