Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Интензивно се работи на најкомплицираниот предел од автопатот Кичево – Охрид

И покрај лошите временски услови,со засилено темпо се изведуваат градежните зафати на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И покрај лошите временски услови,со засилено темпо се изведуваат градежните зафати на автопатот Кичево-Охрид. Станува збор за најкомплексниот инженерски зафатне само кај нас, туку и во поширокиот регион.На делницата од 57 км, се применуваат напредни градежни решенија за стабилизација на теренот, со цел автопатот целосно да се доизгради и да биде стабилен и безбеден. Четириесет километри се ставени во функција,граѓаните очекуваат час поскоро да се вози по оваа делница која почна да се гради во 2014-та година,раскажувајќи како било да се вози 11 години по пат на кој што со години работник не виделе.

-“Почна да се гради ми се чини 2013-та,ветено беше 2019-та година но ништо од тоа.Јас патував секој ден на истиот пат, значи тоа е хорор;-Тука е и малку и нашата македонска аљкавост, можеше да се забрза меѓутоа ајде тоа е поширока тема.Кај Ботун, тука неиспитани работи се,дај Боже да биде побрзо, јас сакам да биде побрзо; -Гледате дека се работи на патот се надеваме дека ќе го одржат зборот, па мислам дека ќе го завршат”-велат граѓаните

Работите сега се одвиваат на најкомплицираниот дел од теренот каде патот минува низ планински и нестабилен терен,вели министерот за транспорт и врски,Николоски.

Реклама

 “Најголемиот проблем е кај селото Ботун,цела планина буквално се спушта таму.Таму ќе одиме со стабилизации кои што ќе одат внатре во земја 14 до 21 метар ќе се спуштаме во земја.Чисто да имате слика, тоа се згради од 4 до 5 ката,да имате претстава за која висина зборуваме.Толку ќе се спуштаме надолу со техники кои што се модерни и најнови во инженерскиот систем”вели Александар Николоски, министер за транспорт и врски

Владата наследила проект во кој немало решенија за критичните косини долж трасата,бидејќи не биле извршени никакви геотехнички и геолошки истражувања на терен.Се работеше за 16 свлечишта,за 14 се изготвени проекти.Кај најголемиот дел од нив се применува метод на стабилизација со заштитни галерии.Едната кај селото Извор е веќе готова.Ресорниот министер не отстапува, автопатот ќе биде готов најдоцна до март 2027-ма.

Искрено верувам дека со тоа што во догледно време очекуваме автопатот да биде завршен, што ќе претставува една дополнителна позитивна карактеристика за пристапот на туристите до Охрид-вели Ѓоко Апостолов,ТЛЕР Охрид

Развој на инфраструктурните проекти,нешто на што интензивно се работи и во Македонија,Автопатот Кичево-Охрид е од клучно знаечење, како за држвата, така и за соседните земји.