Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

Институт Радика: Војната во Иран со јасни импликации врз регионалната безбедност и економската стабилност на Македонија

Тековната војна во Иран претставува значителен надворешен шок со јасни импликации врз…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тековната војна во Иран претставува значителен надворешен шок со јасни импликации врз регионалната безбедност на Балканот и економската стабилност на Македонија. Иако не постои непосредна директна воена закана, се оценува дека регионот сè повеќе е изложен на индиректни ризици, особено во форма на нарушувања во снабдувањето со енергија, пораст на глобалните цени и инфлаторни притисоци кои ќе влијаат врз домаќинствата и бизнисите, беше истакнато на денешната дискусија за „Војната во Иран и нејзините импликации за регионалната безбедност и за македонската економија” организирана од Институтот за меѓународни, стратегиски и безбедносни студии „Радика“.

Истовремено, како што беше посочено, Западен Балкан може да се соочи со обновен миграциски притисок долж воспоставените рути, што бара зголемена подготвеност и координација. Институтот за меѓународни, стратегиски и безбедносни студии „Радика“ дополнително укажува на растечкиот ризик од хибридни закани, вклучително и дезинформации и операции на внатрешно и надворешно влијание, кои можат да ги искористат постојните институционални и политички ранливости. Во овој контекст, се препорачува владите во регионот да ја продлабочат координацијата со партнери како НАТО, Европската Унија и Фронтекс, со цел обезбедување единствен и ефективен одговор. 

Препораките на Институтот од аспект на јавни политики, се сет на итни и координирани мерки за ублажување на овие ризици.

Реклама

– Сите влади во регионот треба да дадат приоритет на диверзификација на енергетските извори, обезбедување на стратешки резерви и забрзување на инвестициите во домашно енергетско производство со цел намалување на зависноста од надворешни шокови. Паралелно, економските политики треба да се фокусираат на таргетирана поддршка за ранливите категории на население и клучните сектори, при што треба да се избегне неодржливо фискално проширување. Зајакнувањето на граничното управување, унапредувањето на разузнавачката соработка и подготовката на контингентни планови за можни миграциски бранови се исто така од суштинско значење, посочуваат од Институтот за меѓународни, стратегиски и безбедносни студии „Радика“.

Во крајна линија, велат оттаму, оваа криза треба да се третира не само како предизвик, туку и како можност за градење долгорочна отпорност (resilience) преку зајакнување на институционалните капацитети, унапредување на економската самостојност и консолидирање на стратешката ориентација на регионот во рамките на евро-атлантската архитектура. 

Воведни обраќања на дискусијата имаа основачите на Институтот Радика Кирил Миновски, поранешен министер за финансии,  универзитетските професори Далибор Јовановски и Жидас Даскаловски, Раби Седрак, безбедносен аналитичар, директор на институтот и Ивица Боцевски, поранешен заменик премиер за европски прашања и амбасадор.

Дискусијата беше фокусирана на неколку прашања од посебна важност за сегашните глобални односи, вклучувајќи геополитичка динамика во развој по избувнувањето на конфликтот на Блискиот Исток и неговото влијание врз глобалната стабилност; импликациите за меѓународната безбедносна архитектура и регионалната безбедност на Западниот Балкан; 
улогата на главните глобални и сили во обликувањето на случувањата на Блискиот Исток; економски последици, вклучувајќи ефекти врз енергетските пазари, трговските патишта и глобалните синџири на снабдување; импликации за економската стабилност и политичкото опкружување на Македонија и пошироки дипломатски и стратешки размислувања за малите држави во брзоменувачкиот меѓународен поредок.