Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Прилози

Институциите ги истражуваат причините за загадувањето на изворот Шум во Струга

Струга ги менува старите и дотраени азбестни цефки со нови, ама низ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Струга ги менува старите и дотраени азбестни цефки со нови, ама низ низ никако да протече чиста вода. Безмалку еден месец од чешмите тече матна вода која е небезбедна и забранета заа пиење.

 “Инспекторите од Државниот инспекторатот за животна средина биле на терен и истовремено е констатирано дека ЈП “Водовод”  нема соодветна дозвола за користење.Дадени се насоките и барањето од страна на општината е поднесено, ќе се следат сите законски патишта за да стигнеме до целта” –вели министерот за животна средина Мухамед Хоџа

Покрај спроведувањето на правната процедура, прашавме дали ќе се превземат мерки и кога ќе почне санација на изворот Шум од кој со вода се снабдува цела Струга и струшко. Дали општина Струга има капацитет сама да се справи со уредување на водоснабдителниот систем кој е руниран, запоставен и недомаќински управуван повеќе од деценија.

Реклама

” Значи не се работи за финасии, се работи за санирање односно за анализи од каде доаѓа загадувањето. Сега засега не ни требаат сретства за оваа работа. Нормално ако е потребно ако овие 3 дена е водата чиста, ако продолжи вака, мора да превземе мерки.Тие мерки ќе ги бараме и од Владата и од министерот да се реализираат”  -вели менди Ќура –градоначалник на Струга

Струшкиот градоначалник уверува дека има план како да се справи сосанирањето на теренот и затворањето на ископите длабоки над 10 метри на површина од 5 до 10 илијади метри кубни, од кои се вршело експлоатација на тампон и камен повеќе од деценија.