Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Инспекторите се на терен во детските градинки додека се шири големата кашлица

Техничкиот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски, денеска оствари средба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Техничкиот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски, денеска оствари средба со директорите на детските градинки од цела Македонија, на која се разговараше за сите затекнати проблеми во детските градинки ширум државата и реалните можности за нивно решавање во периодот на техничка влада и по изборите на 8 мај.

„Во изминатите четири недели како сум во министерството за труд и социјална политика добиваме секојдневно жалби и поплаки во однос на многу прашања и проблеми коишто ги засегаат детските градинки. Сè уште 5.000 дечиња се на листите за чекање во самите детски градинки, а тоа укажува дека просторните услови се сè уште недоволни во најголем дел од општините во Македонија. Овде го имаме проблемот и со согласноста за кадар која за жал низ изминатите години не била добиена за да можат да се пополнат сите испразнети места од пензионирање, заминување од работа и слично. Разговаравме и за проблемот за над 1.000 луѓе коишто чекаат сè уште во фиоките на министерството како баратели за стекнување со лиценца за негуватели, воспитувачи и друг стручен кадар“, вели министерот Велковски.

На средбата со директорите на градинките се разговараше и за зајакнување на превентивните мерки коишто ги преземаат министерството и самите градинки во насока на спречување на ширењето на големата кашлица, потенцирајќи ја потребата од почитување и примена на воспоставените мерки како во Скопје, така и во другите градови во државата. Досега спроведените инспекциски контроли на територија на Град Скопје немаат утврдено неправилности и прекршувања од страна на детските градинки во главниот град.

Реклама

„На наша иницијатива, моја со тимот минатата недела испративме известувања до градинките за да го почитуваат она што значи правната легислатива да не бидат запишувани дечиња коишто немаат вакцинален картон. Инспекторите се на терен, прават постојани контроли и имаме записници според кои до сега не се изречени мерки по однос на прекршување на делот примени дечиња во градинките без вакцинален картон. Во сите проверки кои се направени од страна на инспекторите во Скопје бидејќи овде е и жариштето, секаде каде се отидени инспекторите ги проверуваат досиејата и до сега не се најдени забелешки“, дополнува министерот Велковски.