Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Македонија

Инспектори вонредно ќе проверуваат како децата од беровската градинка се разболеа од салмонела

Со вонреден инспекциски надзор ќе се утврдува како дел од децата кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со вонреден инспекциски надзор ќе се утврдува како дел од децата кои ја посетуваат градинката „23 Август„ во Берово се  заболеле од салмонела. Засега од земаните пет копрокултури, бактеријата е потврдена кај две деца. Инспектори од Државниот санитарен инспектор и Агенцијата за храна и ветеринарство, заедно со стручни лица од кочанскиот Центар за јавно здравје треба да утврдат дали децата се заболеле во градинката или бактеријата ја добиле од друго место. 

  „Од страна на општината е побарано детската градинка писмено да не извести конкретно  во кој  период е настаната ситуацијата и што е преземено од нивна страна. Во меѓувреме побаравме веднаш да се закаже седница на Управен одбор и да ја видиме целата ситуација околу појавата на салмонела„ изјави Звонко Пекевски, градоначалник на Берово.

Во меѓувреме заболените деца се во добра здравствена состојба. Земена им е копрокултура откако се пожалиле на грчеви во стомакот и дијареа.Градоначалникот  Пекевски повика на смиреност и разбирање откако на социјалните мрежи родители споделуваат дека бројот на заболени деца е многу повеќе и е околу 40.

Реклама

Сепак по завршување на вонредниот надзор  и резултатите од него ќе се знае како и од што заболеле дечињата но и кои понатамошни чекори ќе бидат преземени. 

https://www.youtube.com/watch?v=27yEAl_cAH4

Александра Ристеска