Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Иницијативата за Анкетна комисија на СДСМ вратена на доработка, ВМРО-ДПМНЕ поднесе нова, проширена

Предлог иницијативата на СДСМ за анкетна комисија за пожарот во дискотеката „Пулс“е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Предлог иницијативата на СДСМ за анкетна комисија за пожарот во дискотеката „Пулс“е вратен на доработка – опозициската партија не ги запазила процедурите и предложила мнозинството членови на комисијата да бидат од редовите на опозициските партии, што е спротивно на Деловникот. Спикерот Африм Гаши на редовната координација им ги посочил забелешките на пратениците и тие имаат рок од 15 дена да ги поправат грешките во документот. На брифинг со новинарите, првиот човек на Парламентот се повика на членот 124 од Деловникот, според кој се дозволува претседателското место на комисијата да припадне на опозициските партии, но не да имаат мнозинство.

На редовната средба со координаторите на пратеничките групи е констатирано дека Предлог одлуката за основање на анкетна комисија за трагичниот настан во Кочани поднесена од Левица и СДСМ не е уредна поради тоа што тие бараат да имаат мнозинство во Комисијата, а имаат и претседател, информираше Гаши.

Во меѓувреме, владејачкото мнозинство не чекаше да се доработи документот,па  поднесе нова иницијатива за анкетна комисија – но поопширна – која ќе ги опфати и другите несреќи, како што се пожарот во модуларната болница, несреќата на Дурмо турс и несреќата на Беса транс.

Реклама

Анкетната комисија ќе има за цел утврдување на одговорност на функционери, носители на јавни функции и други поврзани лица, како и да ги утврди околностите за постапувањето на институциите за следните трагедии/несреќи: пожарот во објект – ноќен клуб/кабаре во Кочани; – пожарот во модуларната болница во Тетово; – сообраќајната несреќа на „Дурмо Турс“ во Ласкарци; и – сообраќајната несреќа на „Беса Транс“ во Бугарија. 77 – те потписи се доказ дека ние не сакаме да ги политизираме овие трагични настани туку сакаме да помогнеме засегнатите да добијат правда, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

Од СДСМ велат дека премиерот Мицкоски преку собранискиот спикер Гаши се обидува да ја минира Анкетната комисија.

Гаши им купи две недели на Мицкоски и ДПМНЕ но треба да знае дека нема бегање од вистината и од правдата. СДСМ ќе ги искористи сите законски и Деловнички механизми и повторно ќе поднесеме нова иницијатива. Нема да дозволиме да успее обидот на власта по секоја цена да ја спречи формирањето ниту пак работата на Анектната комисија за Кочани. Граѓаните, семејствата, јавноста треба да ја дознааат и ќе ја дознаат целата вистина за Кочани, како и на кој начин била загрозена безбедноста на присутните во објектот, кои биле институционалните пропусти, велат од СДСМ.

Согласно процедурите, иницијативата за анкетна комисија поднесена од владејачкото мнозинство треба да се најде на следната пленарна седница. Во рамки на комисиската расправа, секоја пратеничка група има право да предложи листа на сведоци и експерти, а секој поканет експерт има обврска да се појави пред пратениците.