Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Економија

Инфлацијата не запира – трошоците на живот зголемени за 4% за една година

Инфлацијата повторно чука на врата, се повеќе пари се потребни за преживување.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Инфлацијата повторно чука на врата, се повеќе пари се потребни за преживување. Трошоците за живот во однос на  март минатата година до март годинава се зголемиле за 4 отсто, објави официјална статистика

Најмногу поскапеле алкохолот и цигарите, рестораните и хотелите и трошоците за здравствена заштита. Храната поскапела

за 4 отсто, а некој процент повеќе облеката и обувките.

Реклама

Инфлацијата во март во однос на претходниот месец бележи раст од речиси еден процент. Месечното зголемување се должи на зголемените трошоци за транспорт, храна и безалкохолни пијалаци, рестораните и хотелите.

             

Транспорт                                              3,1 %

храна и безалкохолни пијалаци        1.3%

разновидни стоки и услуги                 0.6 %,

ресторани и хотели                              0.5 %,

облека и обувки                                     0.2 %,

Додека власта со одмрзни – замрзни мерки две години да ја заузда инфлацијата, граѓаните постојано се соочуваат со ценовни шокови.

Пресметките од синдикатот пак за месец март се фрапирачки. За едно четиричлено семејство да преживее потребни се скоро 59 илјади денари и тоа ако станува збор за семејство кое живее во сопствен стан.

Најголемо поскапување има кај храната и тоа од февруари годинава за 1500 денари што е резултат на одмрзнатите цени.