Реклама
Македонија

Има ли Mакедонија премиер макар и технички? Џафери во лов на гласови во западна Mакедонија наместо да обезбеди услови за фер избори

Техничкиот премиер се чини како да е премиер само онаму каде треба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Техничкиот премиер се чини како да е премиер само онаму каде треба да лови гласови за ДУИ. Пораншениот спикер, а сегашен прв човек на Владата, Џафери чија примарна цел е да обезбеди фер и демокртски избори, си ја прошета Западна Македонија и наместо да даде се од себе за мирен изборен процес, тој си промовира политика за неговата матична партија.

Дел од аналитичарите за Алфа велат, дека секогаш кога ДУИ има опасност да замине во опозиција играат на карта национализам, па така и сега, преку Џафери, Ахмети се обидува да ги придобие гласовите во изборачките места каде што бројките не се какви што биле.

Однесувањето на Талат Џафери е последица на триумфализмот дента кога он беше избран за претседател на техничката влада. Тоа продолжување на турбофолк национализам од страна на ДУИ секогаш пред избори. Зошто го велам ова, функцијата на технички премиер во техничка влада е да обезбеди нормлаен изборен процес, ние не гледаме дека Џафери тоа го прави. Тој оди во општини каде што ДУИ има потенцијални гласови, одработува за нив во очи на кампања и со што тој суштински го подрива концептот за техничка влада, вели за Алфа, Самоил Малчевски – аналитичар.

Реклама

Си беше во Тетово на увид во студеткси дом, потоа во Селце, стигна до Липково, отиде и во Куманово каде со Али Ахмети си одржаа настан налик митинг. А во Форино неговото место на живеење беше дочекан со овации, извици, запалени факли. Дури се појави и во полициска станица во Тетово каде недолично се однесуваше со вработените. Со висок тон се обрати службениците, меѓу кои била и сопруга на човек кој го дал својот живот во извршување на работни задачи, токму како припадник на Министерството за внатрешни работи.

Според Малчевски, покрај тоа што Џафери ја става ДУИ пред Македонија, односно примарно врши промоција на интегративците наместо да се бори за сите ние да имаме фер избори, тој ја поткопува и приказната која токму ДУИ ја продава, односно идејата за консенсуален претседател.

Исто она што талат Џафери го прави, е тоа што ја подрива онаа приказна на ДУИ за консензус помеѓу албанскиот и македонскиот политички блок околу избор на претседател на државата. Не може од една страна да форсирате некаков концепт за консензус, а од друга страна вие како технички премиер да одите само во општини каде што има ДУИ потенцијални гласови, вели за Алфа, Самоил Малчевски – аналитичар.

Инаку освен една прес-конференција во Владата кога беше избран за технички премиер, Талат Џафери ниеднаш, од таму се нема појавено пред јавноста. Ниту да информира за изборите, ниту да покаже иницијатива за решаваање на премилемите со патните исправи. Неговите појавувања се стрикно по општините и селата, каде се чини единтвена цел е да го крева рејтингот на ДУИ преку позицијатта која ја доби како прозивод на договор на Али Ахмети и Зоран Заев.