Реклама
Македонија

Илинденскиот викенд го преполни Охрид: Нема слободен кревет, и покрај критиките за екстремно високите температури

Продолжениот празничен викенд го преполна туристички Охрид.Бројните концерти на најдобрите музичари и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Продолжениот празничен викенд го преполна туристички Охрид.Бројните концерти на најдобрите музичари и бендови во светската музичка индустрија, но и ѕвезди од Балканот како и македонската естрада привлекоа дополнителен број гости.Охриѓани се жалат дека се под седативи,поради прегласната музика,со денови не ставиле глава на перница.Грми од гратскиот стадон, од касарната, од ноќните клубови и угостителските објекти.

 Охрид нема капацитет нити сместутвачки ниту, ако тргнеме од принципот во секоја нива да правиме концерт тогаш да,во три дена имаме ние 16 концерти на разни места.Ова требеше,овие концерти барем за илинденски денови она што сум најголем поборник, илинденски денови се посветени на македонската нациналност”-вели новинарот Сашо Денесоски

Корените ги влечат и нашинците од дијаспората,кои последниве години се почесто доаѓаат, празнувајќи го овде денот на Републиката и големиот верски празник Илинден.

Реклама

Ми е мила државата моја, градот Охрид оти тука сум израснат. Охрид не можам да го исфрлам од душата,не дека сум живеел можда не многу, но дојов кога бев многу млад и Охрид не можам да го заборавам никогаш”-вели  Војо Костевски-иселеник

Инаку од вчера во Охрид тешко се наоѓа слободен кревет,преовладуват млади луѓе кои немаат големи можности за потрошувачка,но на високите цени се жалат и домаќините и гостите.Голтка кафе на риверата чини од 120 до 150 денари,пиво од 330 милиограми чини околу 190 денари,џин тоник 260 денари,флаширана вода од 500 милилитри 80 денари,најефрината пица во градот чини 400 денари.

-За нас е прескапо,едно кафе макијато 120-130 денар,скапо е за средна класа на туристи скапо е ; -Не е скапо многу е ефтини за нас овде,ние сме од Унгарија

И не аздисуваат само угостителите, во шпиц на сезона таксистите одбиваат да возат низ град,не се фаќаат за волан ако немаат есап од најмалку 2000 денари.Една од алтернативите да се стигне до посакувата дестинација, се пловилата.

 Кој прашува најмногу за цените домашни или станци? Странците,нашиве ќе се ценкаат наши се ,им велиме качете се не но странциве прашуваат и викаат малку скапо”-вели  Ахмет Бајрактар.

Плажите се приказна за себе,една до една послани со лежалки кои чинат од 200 до фантастички 400 денари само за една лежалка.На дел од слободните плажи пак на диво се поставени шатори и камп приколки.

 “Мора да има некој ред и со шаторите и со приколките и со лежалките.Колку што знам јас за лежанките законски е 1/3 од плажата да биде лежалка, другите 2/3 слободи за граѓаните.Сега испаќа дека сите плажи ги зафаќаат со лежалки”-вели охриѓанецот Ефто Стојански

И покрај бројните проблеми кои се провлекуваат со години во лето,вљубениците во Охрид уживаат во македонскиот туристички бисер оти го гледаат само неговите убавини.

Росица Голабоска