Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Идризи: „Вреди“ со нулта толеранција за насилството во училиштата

Почитувани претставници на медиумите, Како директорка на училиште и како некој што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почитувани претставници на медиумите, Како директорка на училиште и како некој што работи со ученици, наставници и родители секој ден, знам дека насилството меѓу врсниците не се појавува одеднаш. Знаците се појавуваат многу порано. Наша одговорност е да ги препознаеме и да дејствуваме на време. Токму поради оваа причина, „Вреди“ ја започна иницијативата за воспоставување заеднички пристап за спречување и третман на насилството во училиштата, се вели во соопштенито на „Вреди“ од денешната прес-конференција на Теута Идризи од „Вреди“.

Општина Чаир ги презеде првите чекори за создавање платформа што ќе ги собере општината, училиштата, психолозите, наставниците и родителите.

Посветени сме на спроведување на овој пристап во општините што ги водиме, а воедно ги покануваме и другите општини да се приклучат на оваа иницијатива.

Реклама

Целта е да се создаде работна група во секоја општина со претставници на општината, училиштата, стручните служби и родителите. Овие групи ќе ги координираат превентивните активности и одговорот кога ќе се случи случај на насилство.

За „Вреди“, нулта толеранција не значи само казнување по инцидентот. Тоа значи да не се замолчува насилството, да не се релативизира малтретирањето и да не се чека детето да стане жртва за да реагира.

Училиштето треба да биде место каде што децата учат, се развиваат и ја градат својата иднина, а не место каде што се чувствуваат исплашено или беспомошно.

Во Чаир го започнавме овој процес. Ќе го продолжиме во општините каде што раководиме и ќе работиме на тоа и други општини да се приклучат на оваа иницијатива.

Ви благодариме.