Реклама

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Македонија

Идната недела ќе се знае кога ќе биде спроведена тендерската постапка за монтажните гаражи во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, идната недела ќе има завршен состанок со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, идната недела ќе има завршен состанок со министерот за здравство Азир Алиу, на кој, како што информира денеска, заеднички ќе објават кога ќе биде спроведена тендерската постапка за монтажните гаражи во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

По завршувањето на тендерската постапка, нагласи Ѓорѓиевски, веднаш ќе почнеме изградбата на гаражите.

Или преминот да биде легален согласно закон и да се отстрани натпатникот за да се добие сообраќајно решние или натпатникот да стане функцинален и да се затвори преминот, дециден е  градоначал

– Динамиката ја одредуваме според можностите и капацитетите. Средства предвидовме, направивме ребаланс, но имаме уште неколку постапки што требаше да ги заокружиме – исплатите на Момин Поток, каде што имотноправните односи целосно ги решивме, а и сите граѓани што беа предмет на експропријација се исплатени, таму трасата целосно е решена. За булеварот Борис Трајковски влеговме во процес за конечно да заврши голготата на над 100.000 граѓани кон Драчево и почнува поставувањето на атмосферската канализација. Тука се и мостот „Љубљанска“, „Генерал Михајло Апостолски“, лунапаркот…, а сега се на ред и катните, монтажните гаражи на Клинички – рече Ѓорѓиевски одговорајќи на новинарски прашања пред дебатата „Скопје – европски град на културата 2028: Културното наследство и современата културна динамика“. 

Реклама

Тој е дециден дека ќе исполни сè што им ветил на граѓаните.

– Во предизборието ветив дека сите проекти ќе ги реализирам до крајот на мандатот. Од мандатот поминаа речиси шест месеци, а имаме силно темпо и динамика на реализација. За булеварот Македонија, познат како „Лимак“, ветив дека само првата фаза што ја завршуваме сега ќе ја реализираме до крај на мандатот, но ќе го реализираме цел проект. Горд сум што финансиски го кренавме градот на стабилни нозе, ставивме ред во јавните претпријатија, но треба уште многу работа, граѓаните заслужуваат многу подобар град и услови. Сè што сум ветил во програмата ќе биде испорачано до крајот на мојот мандат, а и многу побргу – потенцира Ѓорѓиевски.