Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Магазин

Иџе ќе вози со симболично црно на трките: Ова не е само боја, ова е порака на сочувство – Вистинските победи се кога сме заедно во тешките моменти

Заврши седумдневната жалост, но само онаа официјално прогласената. Иако тргнати по редовен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заврши седумдневната жалост, но само онаа официјално прогласената. Иако тргнати по редовен тек на обврските, сепак мислите, темата на разговор која е прва на памет и јазик е токму таа – траорната од жртвите и повредените од кобниот 16-ти во Кочани.

Македонската спортска гордост, нашиот шампион, најпопуларниот и најуспешниот македонски натпреварувач во автомобилски трки, Игор Стефановски Иџе за неколку дена започнува нова сезона на трки, па по тој повод пред да тргне да освојува носи победи низ Европа, реши своето Ферари делумно да го обои црно во знак на спомен и почит за жртвите во Кочани.

„Во спомен на жртвите од трагедијата во Кочани. Црна боја на моето возило со кое ќе настапувам на трките низ Европа како знак на почит кон оние што ги загубија животите во оваа страшна несреќа. Ова не е само боја – ова е порака на сочувство, солидарност и поддршка за нивните семејства и најблиски. Некои победи се на патеката, но вистинските победи се кога сме заедно во тешките моменти. Почивајте во мир,“ пишува Иџе во прилог на фотографијата каде покжа како ќе изгледа возилото.