Реклама

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Македонија

Ибраимов од валандовско Калково со посебна машина за топол воздух ги спасува јапонските јаболки од ниски пролетни температури

Усеин Ибраимов од валандовското село Калково, со посебна машина за топол воздух…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Усеин Ибраимов од валандовското село Калково, со посебна машина за топол воздух ги спасува дрвцата од јапонските јаболки од нивите што ги обработува, од ниски пролетни температури. Тој подвлече дека за две вакви машини биле платени околу 120 илјади евра, или, отприлика толку, колку што, претходно, за една година се губеле, поради намалениот род како последица на ниски пролетни температури.

– Инвестицијата е исплатлива. Се купува еднаш и се користи со години. Машината е автоматска, со сензор и самата се вклучува при ниски температури и произведува топол воздух, со што се заштитуваат дрвцата од ниски температури и од мрзнење. Купени се две машини за површина од околу 170 декари. Една машина е за околу шеесет декари, остана дел од насад само необезбеден, ама има косина и физички не е можно да се постави уште една машина – појасни тој.

Машината ги штитела дрвцата до минус шест степени. Една машина била висока 11 метри, имала перка од шест метра и се вртела 360 степени. Ја викале, хеликоптерска перка.

Реклама

– Нашите јапонски јаболка одгледувани во валандовското село Пирава главно ги извезуваме во Турција. За овие две површини имам ортак од Турција, кој инвестираше во машините за топол воздух. Моето семејство обработува лично, плус околу 50 декари со дрвца, калинки – сподели овој земјоделец.