Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

И зад затворени метални врати и решетки е Нова година – Како затворениците ќе прославуваат во затворот „Шутка“?

И зад овие затворени врати и решетки е Нова Година. Но, прославата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И зад овие затворени врати и решетки е Нова Година. Но, прославата тука е далеку од таа што ја има на останатите места. Некои ќе можат за празниците да тркнат до дома на привремен отпуст, некои ќе можат да прослават во оваа просторија заедно со останатите, додека повеќето притвореници и опасните затвореници ќе останат под клуч – затворени со својот цимер зад заклучените тешките метални врати. Низ затворот во Шутка можат да се забележат и новогодишни украси, сијалички, па дури и по некоја елка. Од над 160 штитеници кои веќе имаат правосилна пресуда, само околу 60-тина ќе добијат отпуст за новогодишните и божиќните празници од Истражниот затвор Скопје.

  • „На никого не му пожелувам да се најде во оваа ситуација, во оваа Установа, бидејќи поради таа причина, бидејќи ние ја немаме таа близина со нашите сакани, семејството, пријатели.. “ вели осуденик на 4 годишна затворска казна.

Ако празниците значат топлина и моменти за паметење со најблиските, тоа најмногу им недостига на затворениците. Осуденик на четири годишна затворска казна, кој не сака да му го откриваме идентитетот, ни раскажа дека сеќавањата избледуваат бидејќи деновите поминати во затвор се многу подолги од оние кога сме заедно со саканите.

  • „..Тие денови поминуваат прилично тешко, тие празници, не само празници тие денови кои што треба да ги поминеме со нашите семејства дома, но едноставно ги губиме сеќавањата, тука сме сами, осамени, во една агонија. Кога ние треба да се радуваме, да се веселиме надвор, ние сме тука затворени. Тука најмногу се чувствува последицата од нашите постапки, но и нашите најблиски го чувствуваат тоа, и тие ја одлежуваат таа казна затвор. Тука знаете, празник како празник, се собираме ние затворениците, си го прославуваме, но сепак мачно е… “ ни раскажува тој.

Дека изречената затворска казна не ја одлежуваат само виновниците, туку и нивните семејства ни сведочи и друг затвореник од Шутка. На сите, особено на младите им посакува да не се огрешат пред законот за да не се најдат во една ваква ситуација.

Реклама
  • „Да, тоа е факт. На секој нормален човек би му фалело. Се надевам дека во понатамошниот живот да не грешиме, за да славиме со своите. Ние патиме, но патат и многу луѓе надвор, наши. Мојата порака е, јас имам одлежано една казна и претходно, сум си кажал сам на себе да не ја повториш таа грешка пак, но ете, за младината и а тој што не бил да не обидува да направи грешка за да стигне до тука. Затоа што уништува една фамилија не сам себе..  “ вели друг затвореник.

Не се само затвореници. И нивните чувари од затворската полиција вообичаено сите празници ги поминува работно. Командирот Станковски не памети инциденти за време на Нова година, но и генерално за било кој друг празник.

  • „Атмосфера како атмосфера е опуштена, но се оди согласно Куќниот ред и согласно Законот за извршување на санкции. Барањата се едно а законот и правилата се друго. До сега многу многу немало забелешки. Пред се работно и одговорно. Иако се празници на работа мораме да биде одговорно. Овде сум вработен  20 години, не се сеќавам на некаков инцидент не е забележан иако им е тешко на осудениците“ рече Оливер Станковски – Командир во ИЗ Скопје.

Првиот човек на затворот вели дека согласно Куќниот ред и законите, притворениците и затворениците од висок безбедносен ризик новата година ќе мора да ја дочекаат во своите келии, а за празниците ќе добијат само побогато мени. За нив ќе продолжат да важат строгите правила иако станува збор за празници.

  • „Во притворот, законските прописи се малку поинакви затоа што притворените лица престојуваат во ќелии и не им е дозволен по основ на делата кои ги товари обвинителството не може да се дружат, особено да не се во поголема група. За нив ќе имаме само побогато мени за храна и тоа тука завршува во однос на притворениците. Во однос на штитениците, тука имаме полиберален став. Им дозволуваме да останат во 12 часот во одредена просторија што е наменета за тоа. за штитениците од ранлива категорија им доделивме пакетчиња во соработка со организацијата Свети Спас“ вели директорот Бобан Утковски.

Новогодишни пакетчиња од затворот добија децата на сите затворски полицајци, но во соработка со организацијата Свети Спас, раководството им додели и семејствата на затворениците од ранлива категорија – можеби скромно но големо внимание за децата кои го поминуваат детството во отсуство на еден родител.