Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

И покрај сите критики и напорите на власта македонското судство никако да се помрдне од мртва точка

Хаосот во судството не стивнува. Се делат пасоши за да се оди…

Сподели:

Хаосот во судството не стивнува. Се делат пасоши за да се оди на матура, се бираат нови судии во повисоките судови и наместо судиите да бидат разрешени за нивните скандалозни одлуки, поминуваат само со казна од нивните колеги во Судскиот совет. Од се досега што виде јавноста, куршум не ги бие судиите без разлика на нивната одлука и реакциите во јавноста/

Последниот случај во кој судиите не се знае по кој пат донесоа скандалозна одлука и му дадоа пасош на биснисменот Асмир Јахоски за да отпатува на Босфор, покажа дека со полни џебови не се седи во притвор, додека Обвинителството истражува дали тој е дел од  злоупотребата на 167 милиони буџетски пари со набавка на отровен мазут.

Адвокатот Сашо Дуковски вели дека тоа што судиите овозможија газдата на „Пуцко Петрол“,да не ја пропушти матурата на Борсфор испратија горлива порака до граѓаните, а тоа е дека во Македонија со пари се купува се што сакаш.

Реклама

Според адвокатот, ваква судска пракса досега не била видена. Тој појаснува дека застапувал поранешни пратеници и министри, па и со многу поголеми причини од семејни прослави, не им биле враќани пасошите. Дуковски вели дека одамна македонското судство е во колапс и никако да мрдне од мртва точка.

Од владејачката ВМРО ДПМНЕ побараа од надлежните да постапат, а Судскиот совет да го разреши судијата што му даде пасош на Јахоски. Сепак, Судскиот совет нема намера да истражува како и зошто му е вратенот на Јахоски. За претседателот на Судски совет, Александар Камбовски аргумент е што обвинителството се согласило Јахоски да добие пасош со важност од шест месеци.

Инаку тројцата судии Ѓоко Ристовски, Тања Милевска и Лидија Зимбовска од скопска Апелација одлучија да му дозволат на Јахоски да си извади времен пасош. Вишото обвинителство дало позитивно мислење и тие прифатиле.

Ова е само уште еден пример во низата скандалозни судски одлуки. Македонското судство години наназад е на колена, а довербата на граѓаните изнесува минимални 2 %. Европската комисија во сите годишни извештаи забележува слабости и корупција во судскиот систем.

До крајот на јуни се очекува да бидат изгласани пакетот закони за реформи на правосудниот систем коишто го подготви Министерството за правда. Во измените на Законот за судскиот совет имплементирани се забелешките на Оценската мисија на ЕУ која влезе во советот по скандалозното однесување на неговите членови.