Реклама

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Јавното обвинителство од Кочани побара притвор за бегалелката Ива Михаилова

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Македонија

И покрај предупредувањата, Спасовски ја користи премиерската титула да тера партиска кампања

И покрај предупредувањата дека со ваквиот настап ги крши изборните правила, техничкиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И покрај предупредувањата дека со ваквиот настап ги крши изборните правила, техничкиот премиер Оливер Спасовски продолжува да си води кампања во работното време и со државни ресурси. По канализацијата во Арачиново, денеска беше на увид на градинка во Волково.  Се правда дека промовирањето проекти за време на кампања немало врска со партиите.

До 16:30 сум претставник на Владата, а после тоа може да ме видите во својство на носител на изборна единица – рече Спасовски.

Но, не одговори што е разликата кога како премиер промовира проекти што ги остварила оваа влада, и кога како кандидат и носител на листа на СДСМ го прави во суштина истото. Спасовски и неговите сопартијци на минатите парламентарни избори секојдневно критикуваа дека ВМРО-ДПМНЕ ја злоупотребува владата за партиски цели и бараат одвојување на партијата од државата. за него имало разлика меѓу канализација и споменици.

Реклама

Не можам да кажам дека би било добро да проверуваме проекти кои вклучуваат изградба на споменици како што тоа го правеа во минатото – вели Спасовски.

Од антикорупциска комисија велат дека политичарите за време на кампања мора да се воздржат од вакви посети, затоа што очигледно намерата е да се влијае на гласачкото тело.

Зошто токму во овој период се прави контролата да се види до каде се проектите Јас би препорачала политичарите да се воздржат од вакви посети за да не влијаат на гласачкото тело затоа што резултатите си се гледаат и без да одат на терен.  Препорачавме да се воздржат од вакви посети, тоа не е децидно забрането, но суптилно влијаат на гласачкото тело – изјави Билјана Ивановска – Директор на Државна комисија за спречување на корупција.

Првиот човек на државната изборна комисија за Алфа вели дека сите функционери треба да внимаваат во какво својство и на каков увид на ветени проекти се појавуваат.

Можам само да апелирам на сите носители на функции да внимаваат на своето однесување во организации на јавните настани – вели  Оливер Деркоски – Претседател на ДИК.

Премиерот повика да не се злоупотребуваат државните ресурси во изборна кампања но токму сега кога започна кампањата заедно со другите владини функционери се впуштија во активности да виделе до каде им се проектите. Во изминатите три години ретко бевме сведоци високи владини претставници да одат на терен и да проверуваат канализации, градинки и улици.

Адријана Алексиеска