Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

🎥 И по три недели нема трага од 52-годишниот бугарски нуркач, кој исчезна во длабочините на Охридското Езеро

И по три недели нема ни трага од 52 годишниот Илија Танчев…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И по три недели нема ни трага од 52 годишниот Илија Танчев од Бугарија кој исчезна додека нуркал во водите на Охридското езеро на длабочина од 89 метри. Ова ја неметнува дилемата колку е безбедно да се нурка на оваа длабочина и дали бугарскот нуркач се впуштил во крајно ризична авантура? Охридското езеро не е едноставно за нуркање,туку доста специфично,посебно на големите длабочини.Од друга страна,во нуркањето постојат правила и протоколи кои мора да се почитуваат вели охриѓанецот Горан Балев кој со децении се занимава со овој екстремен спорт.

 Рекреативно нуркање е до 40 метри таа е некоја граница која што е дадена од сите релеватни фактори како релативно безбедена, мада прашање е колку е тоа безбедно.Тоа се посебни обуки каде што треба да добиете вие дозвола да нуркате до 40 метра, сите други длабочини спаѓаат во доменот на техничко нуркање кое бара посебно и знаење и опрема, посебна опременост.”- вели д-р Горан Балев, претседател на клубот за подводни активности Охрид

Иако езерото е изразито провидно, на големи длабочини над 70 метри температурата на водата е околу 7 степени што создава физиолошки проблеми во телото и поинакви хипервентилации.Нуркањето е комплексна наука,потенцира Балев.Тој се сомнева дека телото на нуркачот воопшто ќе биде пронајдено без меѓународна помош и соодветна опрема.Македонија вели тој,има исклучително подготвени нуркачи како во клуповите така и во полицијата и војската, но проблем е опременоста.

Реклама

 И да имаме знаење, треба опрема не можете вие без адекватна опрема да слезете на таа длабочина.Само да слезите е проблем, а тек да пребарувате давеник е изразито тешка и специфична работа.Било какво вака барање со компримиран воздух со нешто што не е спремно мислам дека ќе се направи преголем ризик и за екипата која го пребарува.По мене треба да се побара помош од надвор вели Балев

До сега бил направен обид да се лоцира телото со сонар,од полицијата велат дека се трага по исчезнатиот нуркач.