Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Прилози

И по речиси цела деценија вистината за ”27 Aприл” засега останува закопана

Менувањата на искази на сведоци, притисоци од политичарите врз обивнителите, нови сведоштва,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Менувањата на искази на сведоци, притисоци од политичарите врз обивнителите, нови сведоштва, пресуди од Стразбур за неосновано држање во притвор, а сега и кривични пријави – случајот 27 април би можел да служи како пример како не треба да изгледа една судска постапка во демократска држава или скица за политичи прогон на невини луѓе. Иако мина безмалку цела деценија од настанот, дел луѓето кои беа прогласени за терористи уште гнијат во затвор и остареа чекајќи ја правдата да излезе на виделина.

Поранешната обвинителка Вилма Рускоска вели дека не се плашела од кривична пријава која вчера ја поденсе осудениот Јане Ченто – вели  дека Јане Ченто не можел повеќе да ја сака оваа земја од неа , нејзините родители пролеале крв за оваа земја и плус , не знаела кој е сведокот кој сега тврди дека лажел.

„Нема зошто да се плашам. Што може да каже тој сведок? Немало насилство во Собрание?“ – рече Рускоска.

Реклама

Но признава дека дел од обвинетите добиле помали казни затоа што сведочеле, што е законски дозволено, а не било резултат на притисоци. Но, од другата страна, осудените велат – вистината е поинаква. Самиот процес отвара повеќе прашања.

Како на приемр, тоа што клучниот сведок Александар Василевски Нинџа неколкупати го менуваше исказот, а токму неговото сведочење беше меѓу главните за пресудите – и доби најмала казна. Доказ дека станува збор за политички случај, е самото скандалозно призанние на Рускоска, дека тогашниот премиер Зоран заев барал од неа прекфалификација, за да може да ја истурка промената на името.

Ова го отвара прашањето – дали луѓето беа осудени врз основа на докази, или завршија зад решетки како терористи за да послужат како пример што ќе се случи ако некој крена глас против промената на името. Ова не е ново. Уште тогаш дел од адвокатите предупредуваа дека квалификацијата „тероризам“ не држи вода.

„Доколку таа врата не беше отворена, овие луѓе можеше да протестираат со денови, но никогаш немаше да влезат во Собранието. Со амнестијата предметот го губи својот смисол.“ – рече Миланов, адвокат свеовремено.

Ако тие што ги отворија вратите беа амнестирани , па потоа и гласаа за промена на името – тогаш се поставува прашањето, за што точно се осудени останатите.

Настаните од 2017 се случија во време на тешка политичка криза. За упадот во Собранието беа обвинети 31 лице, од кои 16 добија вкупно 211 години затвор. Дел од нив во затворите ги поминаа и последните денови од животот. Во меѓувреме, судовите остануваат на старото – постапката е завршена. Апелација веќе го одби барањето за ново судење.