Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Македонија

Разрешени се девет директори во клиничките болници, за останатите пет се очекуваат предлог законските измени

Почна чистката во здравствените установи – девет од вкупно 14 економски директори…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почна чистката во здравствените установи – девет од вкупно 14 економски директори во клиничките болници се разрешени, а за останатите пет се очекува Владата, најдоцна до петок до Собранието да го поднесе предлог-изменетиот законот за здравствена заштита. Тие ќе го отворат патот за целосно укинување на оваа позиција. Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи е децидна дека со ова се укинува дуализмот и конечно ќе се лоцира одговорноста, ќе се пренасочатсредствата за подобрување на здравствените услуги и инфраструктура и зголемување на транспарентноста и отчетноста.

Економските директори во клиниките беа воведени пред 17 години. Во 2006 година, скопскиот Клинички центар беше поделен на 32 клиники, со 56 директори и 142 члена на управни одбори, што се покажа како дисфункционално, неодржливо и скапо решение. Денес е десетти ден од формирањето на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а веќе предвидената мерка која беше и изборно ветување од програмата Платформа 1198 од страна 120, почна да се реализира, а гласи: Укинување на економските односно организационите директори на клиниките, а во цел укинување на дуализмот и лоцирање на одговорноста како и пренасочување на средствата за подобрување на здравствените услуги и инфраструктура и зголемување на транспарентноста и отчетноста, истакна Мизрахи.

Катастрофалната реализација на планот од 2006 година за организациски директори направи хаос во институциите – затоа со оваа мерка се очекува подобрување на функционалната организација преку елиминирање на врзаните потписи и сивата зона на одговорност.

Реклама

Истовремено ќе се намалат непотребните и ќе се рационализираат административните трошоци преку пренасочување на средствата во сериозно потребната здравствена екипираност, континуирана едукација на кадрите и набавка на нова медицинска опрема. Ова ќе придонесе кон целосно подобрување на здравствената внатрешна и надворешна инфраструктура и здравствени услуги за сите граѓани. Здравствената нега е од витално значење за сите нас во одредено време, но јавното здравство е од витално значење за граѓаните во секое време, рече Мизрахи.

Со измените на законот,повеќе од 100 функционери низ цела Македонија веќе нема бидат на државен трошок.Од сега со клиниките и болниците ќе раководи само еден менаџер, кој ќе биде одговорен за организацијата и работењето на установата, како и за законитоста во работењето. Со овој потег на Владата, за најмалку половина милион евра ќе биде побогата здравствената каса за една година.