Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Христовото раѓање најавено со Бадникова поворка во Кавадарци

Со Бадникова поворка и пеење на песната „Вечниот Бог“, денеска беше најавено…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со Бадникова поворка и пеење на песната „Вечниот Бог“, денеска беше најавено Христовото раѓање во Кавадарци. Поворката вообичаено тргна од црквата „Света Петка“, помина преку централното градско подрачје и стигна до градскиот плоштад.

Пред зградата на општината, децата со подароци ги пречека кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

Свештено лице го пренесе благословот од митрополитот повардарски Агатангел, до сите во Повардарската епархија. Јавно упати благодарност до локалната самоуправа и општествено одговорни компании. Притоа потсети на централното прославување на празникот Божиќ, утре во светите храмови, каде што ќе се отслужи света божествена литургија. Упати покана до сите, да ги посетат верските храмови. 

Реклама

– Вечерва сите ќе прославуваат Бадник во своите семејства. Семејството е како мала црква, во која секој го наоѓа својот мир, порача свештеното лице на градскиот плоштад во Кавадарци.