Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Христијан Мицкоски: Владината коалиција е одлична

Владината коалиција е одлична. Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека случувањата во Вреди…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владината коалиција е одлична. Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека случувањата во Вреди нема да влијаат на стабилноста во владиното мнозинство. Одлуката на Арбен Таравари да ја напушти коалицијата со Изет Меџити, Африм Гаши, Билал Касами нема да влијае негативно врз Владата во периодот што следи.

-(Како ја оценувате владината коалиција?) Одлична, одлична, изјави Мицкоски.

Останува отворено дали Таравари ќе остане министер за здравство по најновите случувања на политичката сцена. Според она што беше најавено по првомајските празници премиерот ќе седне на маса со него, по што ќе се знае иднината на Алијанса во владината коалиција. Мицкоски потврди дека средбата ќе се случи наредниве денови.

Реклама

-(Кога се очекува средба со Арбен Таравари?) Па ќе се случи, изјави Мицкоски.

Дека Владата е стабилна претходно потврдија и вицепремиерите Изет Меџити и Александар Николоски. Тие порачаа дека турбуленциите во албанскиот коалиционен блок немаат капацитет да го урнат мнозинството.  Николоски порача и дека за ДУИ нема место во актуелната владина коалиција, а партиите кои решиле да соработуваат со нив, вршат политичко самоубиство.

Матеја Петровски