Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Христијан Мицкоски е единстевниот политиар од Балканот кој доби покана на инаугурацијата на Доналд Трамп

Што ќе значи вториот мандат на Доналд Трамп за Македонија? Ако се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Што ќе значи вториот мандат на Доналд Трамп за Македонија? Ако се суди по тоа што нашиот премиер Христијан Мицкоски е единствениот политичар од Балканот кој доби покана за инаугурацијата, промената на администрацијата во Вашингтон дефинитивно треба да резултира со продлабочување на македонско-американските односи и јакнење на нашата позиција на меѓународната сцена.

Премиерот информираше дека синоќа имал вечера и одлична средба со Девин Нунес – претседавач со советодавното тело за разузнавање на американскиот претседател Доналд Трамп и извршен директор на Трамп медиумската корпорација, со Џон Битов – американски бизнисмен со македонско потекло, сопственик на повеќе мултимилионски компани, со Марко Галина – бизнисмен и одговорен за МАГА во Португалија, како и со Крис Павловски сопственик на Рамбл групацијата.

„Разговаравме за можноста за инвестиции во Македонија, за конкретни проекти од бенефит за граѓаните. Меѓу другото ги посочив напорите кои Владата ги дава за стабилизирање на економијата, рекордот кој го остваривме во привлекување на инвестиции во државата и поволностите кои се нудат“ напиша Мицкоски на социјалните мрежи и додаде дека ја искористил можноста за лобирање за македонските интереси и позиции во однос на клучните прашања за нас. „Станува збор за високо позиционирани луѓе во американското општество со можност за влијание на прашањата важни за нас“ додава Мицкоски.