Реклама

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Македонија

Христијан Смоковски – најдобар студент на Факултетот за Физичко образование, спорт и здравје при УКИМ

Христијан Смоковски е најдобар студент на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје при УКИМ за академската 2024/25 година.  Нему и на неговите колеги – најуспешни дипломирани студенти од другите факултети, им беа врачени признанија од УКИМ. Христијан Смоковски додипломските студии ги завршил со просечен успех од 9,49 и е прогласен за првенец на генерацијата […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Христијан Смоковски е најдобар студент на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје при УКИМ за академската 2024/25 година. 

Нему и на неговите колеги – најуспешни дипломирани студенти од другите факултети, им беа врачени признанија од УКИМ.

Христијан Смоковски додипломските студии ги завршил со просечен успех од 9,49 и е прогласен за првенец на генерацијата 2024/25. За време на студиите активно учествувал во работата на Факултетското студентско собрание, каде што една година ја извршувал функцијата претседател на Комисијата за наука. Во текот на студирањето учествувал во повеќе научно-истражувачки проекти финансирани од Универзитетското студентско собрание при УКИМ, при што на еден од проектите бил носител.

Реклама

Образованието го продолжува на постдипломските студии по Кинезиологија на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје при УКИМ. Неговата посветеност, дисциплина и истражувачка ангажираност се препознаени од проф. д-р Георги Георгиев од катедрата за Општествена Кинезиологија, под чие менторство ги продолжува своите академски и научно-истражувачки активности. Неговиот предмет на интерес е насочен кон научно-истражувачката работа во полето на методологијата и статистиката во Кинезиологијата.