Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

„ХРАБРО СРЦЕ“ моли што поскоро да се прошири позитивната листа на лекови и за нив неопходниот „Ентресто“

По онколошките и пациентите со механичка потпора на срце молат,на следното ревидирање…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По онколошките и пациентите со механичка потпора на срце молат,на следното ревидирање на позитивната листа на лекови,да се стави за нив толку потребниот лек ентресто кој пред два месеци конечно го регистрираше Агенцијата за лекови Малмед. Пациентите сега сами се снаоѓаат само за да дојдат до лекот кој кај нас чини околу 7.000 денари.Згора на се’ овие пациенти на кои пумпите им ја заменуваат работата на срцето сеуште не можат да го остварат правото на бесплатна партиципација, иако пред 7 месеци е донесена одлуката со која се ослободуваат од плаќање на баснословните суми потребни за нивно лекување. Од здружението  “Храбро срце” со апел до министерот Тарвари час поскоро да се направи првата трансплантација за замена на вештачка пумпа со срце од донор.

“Што поскоро да ги консолидира тимовите за трансплантација бидејќи со министерот во заминување што беше, се направија катастрофални чекори кои што имаат последици, два месеци практично тимот за трансплантација не е функционален, е дисфунционален и да се вложи многу повеќе во сферата на трансплантациите, а тоа ќе значи и намалување на сретствата во буџетот за трошкови”- вели Васко Јолески,претседател на здружнието “Храбро срце”.

Деновите од животот им се бројат, а секој ден и гледаат на смртта во очи,ова не е живот туку измачување,велат нивните најблиски.

Реклама

 “Постојано се соочуваме со предизвици од типот дали имаме струја, дали немаме практично сите пациенти живеат како мобилен телефон, дење се приклучени на батерии,ноќе се приклучени на штекер, на струја така што овие работи воопшто не се лесни” – вели Ирена Ралева Најдевска од “Храбро срце”

“Со самото тоа што ние наместо срце имаме пумпа,кај  нас сите органи се преоптеретени од притисок, ние постојано крвариме дали од нос дали од други места каде што има капилари кои што пукаат” – додава Јолески

Бројот на пациенти впишпани во националната листа за трансплантација се зголемува, најмладиот пациент е девојка на 29 годишна возраст.Инаку  стотина лица во Македонија со години чекаат за трансплантација на органи. Дваесеттина лица се на листата за трансплантација на срце, петанесеттина за црн дрб,а дури 47 за бубрег,најмаладите од нив се на 16 односно 17 годишна возраст.

Росица Голабоска