Реклама

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Почнува со работа Истражниот центар во штипското обвинителство

Системот „Сејф сити“ се шири: Oд 12 октомври камерите почнуваат со работа во Oхрид, Струга, Кичево и Дебар

Мицкоски ќе се обрати пред Генералното Собрание на ОН: Ќе бидат претставени јасните и цврсти позиции на Македонија

Димитриеска-Кочоска: Од автомобилски компании до дата центри за поголем економски раст

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Македонија

Хоспитализиран еден од обвинетите за убиството на Вања и Панче

Боре Видевски, велешанецот кој е еден од обвинетите за убиството на Вања…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Боре Видевски, велешанецот кој е еден од обвинетите за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, е пренесен на скопската клиника во тешка здравствена состојба, пренесуваат дел од медиумите повикувајќи се на адвокатот Бојан Манев.

Манев за РСЕ изјавил дека Видевски е со речиси откажан бубрег, бил неконтактибилен и префрлен во клиниката за нефрологија. Имал во минатото трансплантиран бубрег, а во затворот константно се жалел на болки.

„Првично бил однесен во Градската болница „8 Септември“, по што го транспортирале на скопскиот клинички центар „Мајка Тереза“. Веднаш му е извршена дијализа, но според моите информации се уште е во лоша здравствена состојба. Претпоставките се дека ќе треба подолго време да заздрави, што би можело да трае и повеќе од еден месец. Не знам што да ви кажам, бубрегот како да му е пред распаѓање, сепак дијагнозата треба да ја постават лекарите“, вели адвокатот Манев за РСЕ.