Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Хоџа: Преку одржливо земјоделство до посилна заштита на природата

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, се обратил на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, се обратил на настанот „Земјоделство со висока природна вредност и неговото значење за биодиверзитетот и пристапувањето кон ЕУ“, организиран со поддршка на  Шведската агенција за животна средина и општина Радовиш, информираат од МЖСПП.

Во обраќањето Хоџа истакнал дека овој концепт претставува важен инструмент за воспоставување рамнотежа помеѓу човекот и природата и за зачувување на биолошката разновидност.

Тој посочил дека државата активно работи на усогласување со европските стандарди во областа на заштитата на природата – преку имплементација на законодавството, воспоставување на мрежата Натура 2000 и усогласување со директивите за живеалишта и птици.

Реклама

Покрај овие активности, кои се значаен дел од напредокот во процесот на пристапување кон Европската Унија, министерот нагласил дека само со партнерство меѓу институциите, научната заедница, граѓанскиот сектор и земјоделците може да се изгради систем кој функционира долгорочно.