Реклама

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Македонија

Хигиената, јавниот превоз и водоводната инфраструктура, во фокусот на програмата на Александар Трајановски од коалицијата „Искуство за успех“

Хигиената, јавниот превоз и застареноста на водоводната инфраструктура се три актуелни теми…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Хигиената, јавниот превоз и застареноста на водоводната инфраструктура се три актуелни теми во моментов во главниот град. „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“ треба да бидат дисперзирани кон општините и тие да бидат задолжени за нивното одржување и подигање на сметот од улиците и контејнерите, изјави денеска кандидатот за градоначалник на Град Скопје од коалицијата „Искуство за успех“ Александар Трајановски.

Тој појасни дека општините се оние кои најчесто се на удар од граѓаните во однос на хигиената во нивните маала и населби и непосредно тие можат да придонесат за побрзо решавање на овој проблем.

– И комуналните давачки ќе бидат дисперзирани кон општините и таксата за одржување на зеленилото и зелените површини, изјави Трајановски.

Реклама

Информира дека предвидува воведување „Градски чат ЏПТ“, софтвер кој граѓаните ќе можат да го прашаат пред да одат во Град Скопје за одредена процедура, кои документи да ги понесат… Најави дека наскоро дел од оваа алатка ќе биде и дигитализација на услугите за да може електронски да се поднесуваат барања и предмети. 

Во неговата програма „15 клучни проблеми и решенија на Скопје“ се опфатени и други приоритети како решавање на проблемот со чистиот воздух, уличните кучиња, организиран автобуски превоз, средношколците на Скопје ќе добијат безбеден, бесплатен и организиран автобуски превоз од врата до училиште, ГТЦ како нов дом на Градот, производството на пелети од страна на „ЈП Паркови и зеленило“ за еколошко греење. Повеќе мерки за подобрување на квалитетот на животот на средношколците, најави кандидатот за градоначалник на Град Скопје од коалицијата „Искуство за успех“ Александар Трајановски.