Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

🎥 Хеликоптер, возила, пожарникари, полицајци – продолжува битката со огнената стихија кај Чучер Сандево

Високите температури и ветрот повторно ги разгоруваат веќе изгаснатите и локализирани краци…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Високите температури и ветрот повторно ги разгоруваат веќе изгаснатите и локализирани краци на пожарот во Чучер Сандево. Тоа дополнително им ја отежнува борбата за пламените јазици на пожарникари и локалното население. Се гасне и од копно и од воздух, а дополнително се копа земјата за да не се шири пожарот. Двата полициски хеликоптери делуваат на овој регион од рано изутрината и истурија над 70 тони вода.

Два дена екипите на терен се борат со пожарот во скопско Чучер Сандево. Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов вели дека во гаснењето биле вклучени повеќе противпожарни возила, но и дел од новите теренски возила кои ги набави Владата.

  • „Категорично тврдат дека ниту куќите, ниту цркавата не беа реално загрозени бидејќи имаше многу пожарникари и екипи на терен. Голема благодарност до локалното население кое помагаше на пожарникарите..“ рече Ангелов – директор на ДЗС.

Пожарникарите со надчовечки напори деноноќно ги стишуваат пламените јазици на повеќе локации, но приоритет се пожарите во близина на населени места.

Реклама
  • „Имаме многу високи температури, но имаме и силен ветер кој не се знае на која страна ќе се насочи..“ рече Звонко Томовски – Командир на Противпожарна бригада Скопје.

Општина Чучер Сандево од синоќа прогласи вонредна состојба, а според градоначалникот од пожарот биле зафатени седум куќи – викендици, а еден од жителите завршил во болница поради вдишување чад.