Реклама

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Прилози

Хаос во Скопје – Автобусите на ЈСП и денеска без гориво

Скопско рано утро, се доцни во школо, на работа, граѓани се организираат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопско рано утро, се доцни во школо, на работа, граѓани се организираат на фејсбук како да стигнат од едно до друго место. На улиците само 25 автобуси.  Граѓаните смрзнуваат по автобуски станици, чекаат по саат или два за да стигнат до одредена дестинација, а  веќе немаат трпение, бараат одговорност и решение на проблемот кој се провлекува предолг период.

Скопјани од синоќа се организираат по социјалните мрежи, тие што имаат можност да земат некој со себе нудат превоз

Жени прочитав дека нема да има утре автобуси и јас утре одам накај работа околу 6:25 , тргнувам од Марино, можам три жени да земам

Реклама

Утрово со кола одејќи на кај работа застанав и качив тројца и ги однесов до работа, луѓето чекале 45 минути автобус , пишуваат граѓани

Ситуацијата во текот на вчерашниот ден кулминираше кога попладнето престанаа да возат автобусите што се на нафта, откако добавувачот престана со достава поради натрупан долг.

Во петок граѓаните се организираат на протести пред Град Скопје, протестот го иницираше градоначалникот на Шуто Оризари поради што жителите на неговата општина чекале на автобусите од еден до три часа. Ќе се приклучуваат и студентите кои и дадоа ултиматум на градоначалничката дека ако крајот на денот не се регулира сообраќајот тие излегуваат пред Градските бараки.

Министерката за образование повика да се реши проблемот бидејќи било срамота учениците да не можат да стигнат во школо во главен град, ги поддржа студентите во намерата да излезат на протест

Искрено се надевам дека ќе се изнајде решение бидејќи е неприфатливо да се спречат сите напори што ги правиме за квалитет на образованието поради неорганизираноста на градските власти. Се надевам дека градските власти сериозно ќе ја сфатат ситуацијата и ќе најдат итно решение“, рече Јаневска.

Ова не е прв пат Скопје да остане без јавен превоз откако градот е во рацете на Данела Арсовска , веќе со месеци редуцирано возат приватните автобуси, кои бараат покачување на цената по километар   и заради тоа се создава огромен хаос . За прв пат во историјата на  Скопје остана без јавен превоз пред две години во октомври откако вработените во ЈСП престанаа со возење бидејќи немаа земено плата.