Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Хаос по улиците нема да донесе поголема битка со корупцијата, туку токму спротивното – ќе означи нејзин крај

Во матно најдобро се лови. Дел од оние кои сега од улица…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во матно најдобро се лови. Дел од оние кои сега од улица бараат правда се иститите кои учествувале во создавањето на неправда изминативе години и децении. Структури поттикнати од политички моќници, поранешни функционери, партиски апартчиси, па и квази – невладини организации и медиумски инструметни сакаат да создадат нестабилниост зашто Владата се бори против тој систем.

Ова се коментарите на познавачите за неуспешниот пленум, но и собирот на кој се видоа и деца на екс – премиери, поранешни вработени во фондацијата Сорос, и ликови познати од времето на Шарената револуција кои изминтавите 7-8 години никаде ги немаше во јавноста.

Новинарот Дарко Јаневски вели дека ова е веќе видено сценарио и дека нема да помине кај народот. Тој смета дека одредени политичко – криминални групи сакаат да го искористат гневот и незадоволството кај граѓаните и да ги злоупотребат протестите за создадат подолготрајна политичка криза.

Реклама

„Народот сега дува и на кисело млеко. И во овој случај како и во случајот со Шарената револуција, оваа несреќа се искористува. Очигледно е се гледа од далеку дека настанот е искористен за да се извлече некаков политички профит на препознатливите политички групации. Нивно е и понатаму да ја дестабилизираат Македонија“, вели новинарот Дарко Јаневски.

Никому освен на оние кои се огрешиле пред законот не му одговара политичка криза, смета Јаневски и вели дека обидите државата да се дефокусира од борбата со криминалот не смеат да успеат.

„Дефокусот е повеќе во пропагадна смисла, населението да се занимава со тоа дали сте за или дали сте против протестите, имајќи го искуството од Шарената револуција, а Владата и министерството си имаат доволно капацитети да продолжат со таа борба против корупцијата“, вели новинарот Дарко Јаневски.

Ваквите активности наликуваат на сценарио кое во Македонија го имаше во 2016-та година. Сега наместо тишина и достоинствено изразување на тагата, има еден вид координирана офанзива кон целиот државен систем. Според познавачите, протестите и јавните настапи се злоупотребуваат за лична промоција, медиумска хистерија и поттикнување гнев во функција на политички калкулации што се потврди и во видеото кое исплива на социјалните мрежи а во кое таканаречените активисти на моменти и низ смеа договаат следни активности и добиваат совети од српска инструкторка.