Реклама

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Свет

Хамас ослободи осум израелски и тајландски заложници

Палестинското движење Хамас во Газа ослободи осум заложници и ги предадоа на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Палестинското движење Хамас во Газа ослободи осум заложници и ги предадоа на Црвениот крст, но размената беше проследена со хаотични сцени пред насобраните палестински граѓани.

Во замена, Израел треба да ослободи 110 палестински затвореници.

Прва беше ослободена 20-годишната израелска војничка Агaм Бергер, во бегалскиот камп Џабалија во Северна Газа. Потоа следеше предавањето на уште двајца израелски граѓани – Арбел Јехуд (29) и Гади Мозес (80), како и на петмина тајландски работници, кои беа киднапирани на 7 октомври 2023 година за време на нападот на Хамас врз Израел.

Реклама

Особено внимание привлече ослободувањето на Јехуд во Хан Јунис, каде што стотици припадници на Хамас и Исламски џихад се наредија како демонстрација на сила. Палестинска толпа, делумно сместена на урнатините од бомбардирани згради, ја опкружи заложничката, додека маскираните милитанти ја придружуваа низ хаотичната атмосфера.

Израелските одбранбени сили (ЦАХАЛ) соопштија дека сите ослободени заложници се безбедно вратени во Израел.

Ова е трета размена на заложници за палестински затвореници од почетокот на примирјето.

Во рамки на прекинот на огнот, стотици илјади Палестинци се враќаат во своите домови во Газа, но со мешани чувства – радост за враќањето, но и тага за загубените блиски во 15-месечниот конфликт, кој ги разурна северните делови на појасот.