Реклама

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Свет

Хамас: Израел ја блокира испораката на помош во Газа

Извори на Хамас денеска потврдија дека Израел го блокира влезот на помош…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Извори на Хамас денеска потврдија дека Израел го блокира влезот на помош во Појасот Газа, предупредувајќи дека тоа може да влијае на ослободувањето на заложниците предвидено со договорот за прекин на огнот.

„Предупредуваме дека постојаното одложување и непочитувањето на овие точки ќе влијае на спроведувањето на договорот, вклучително и размената на затвореници“, рече претставник на Хамас.

Друг официјален претставник, исто така, прецизираше дека палестинското движење побарало интервенција на катарските и египетските посредници за „да ги принудат окупаторите да се придржуваат до договорот и да избегнат создавање кризи“.

Реклама

Доцнењето се однесува на дозволите за влез на гориво, шатори, камп приколки, тешка механизација, болничка опрема, пекари и станици за вода, рече првиот функционер. Тој додаде дека постои незадоволство кај „групите на отпорот“ поради одолговлекувањето на Израел, кој го нарекува окупатор.

По 15 месеци војна во Појасот Газа, Израел и Хамас потпишаа договор за прекин на огнот, чија прва фаза стапи на сила на 19 јануари и треба да трае 42 дена.

Според договорот, оваа недела треба да бидат ослободени шест заложници, тројца в четврток и тројца в сабота. Седум жени веќе се ослободени во замена за 290 Палестинци кои се наоѓаат во израелските затвори.

(МИА)