Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Грозоморна вест: 65-годишен маж во Штип неколку години злоставувал три малолетни девојчиња, доби 30-дневен притвор

Речиси три години три малолетни девојчиња на возраст од 13 , 11…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Речиси три години три малолетни девојчиња на возраст од 13 , 11 и 10 години  биле жртви на сексуално злоставување од страна на 65годишниот штипјанец,   сопственик и управител на приватен образовен центар во Штип, а истовремено во центарот им предавал математика.

Според обвинителството сомничениот од септември  2023 до 11.05.2026  користел прилика во која на девојчињата им држел дополнителни часови во образовниот центар и им се приближувал и ги допирал по телото.

Случајот бил откриен откако родителите пријавиле во полиција. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Штип достави предлог за определување на мерка притвор за осомничениот .

Реклама

Случајот во Штип, го отвори и прашањето колку приватните образовни центри се безбедни , но и контролирани од институциите. Бидејќи тие не се под надлежност на Министерството за образование и наука, нема системски надзор врз нивната работа, посочи министерката Весна Јаневска. Таа најави дека се потребни законски решенија со кои овие центри ќе бидат ставени под институционална контрола.

„За жал ваквите образовни центри не се во надлежност на Министерството за образование и наука, посочи министерката Весна Јаневска, која потенцираше дека во наредниот период донесувањето на закон со кој ќе се регулира нивното работење, ќе биде приоритет на министерството„ изјави министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

 Со судска наредба извршен е претрес во неговиот дом и образовниот центар од каде се одземени предмети за понатамошна истрага. Инаку станува збор за приватен образовен центар кој повеќе од една деценија работи во Штип.