Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

Грозданов: Сопствениците на угостителските објекти во Трговскиот центар постапија одговорно, во согласност со законот и договореното

Владко Грозданов, градоначалник на Општина Кочани, денеска  преку видео обраќање информираше за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владко Грозданов, градоначалник на Општина Кочани, денеска  преку видео обраќање информираше за презмените активностите во врска со  отстранувањето на бесправно изградените објекти на јавна површина  пред угостителските објекти во Трговскиот центар – блок А во Кочани.

-Денес во Општина Кочани се спроведува законот на мирен, културен и заеднички начин. Сопствениците на пицериите и кафетериите во Трговскиот центар во Кочани започнаа отстранување на бесправно доградените делови од јавните површини, во согласно со законот и договорените рокови и обврски што ги утврдивме заеднички на состаноците на почетокот на годината. Сакам да истакнам дека нивниот одговорен пристап е позитивен пример за почитување на законите и заедничката грижа за јавниот простор. Со овие активности обезбедуваме поголема безбедност, сигурност и проодност што е најважно за безбедно движење на граѓаните. Јавните површини мора да бидат достапни и функционални за сите, за пешаците, родителите со деца, повозрасните лица и лицата со попреченост, порача градоначалник Владко Грозданов, во своето видео обраќање пред граѓаните на Кочани. 

Истите обврски, стандарди, нагласи тој,  се применуваат за сите угостителски објекти на територијата на Општина Кочани.

Реклама

-Наша цел е уреден, безбеден и современ град во кој јавниот простор е во служба на граѓаните, децидно кажа Грозданов.

Отстранувањето на бесправно изградените објекти на јавни површини од страна на угостителите од катот на Трговскиот центар – блок А во Кочани, е последица на договорот помеѓу градоначалникот Грозданов и самите угостители од јануари оваа година.