Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Прилози

Грипот зема замав, во првата недела годинава пријавени 1.725 случаи на заболени

Со новата година пристигна и новата сезона на настинки и грип. Бројот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со новата година пристигна и новата сезона на настинки и грип. Бројот на заболени со симтоми на кивање, кашлање, високи температури и компликации се зголемува, а пикот допрва се очекува да пристигне. Најголем број на случаи се очекува да има од крајот на овој и почетокот на следниот месец. Институтот за јавно здравје информира дека во државата е регистрирана зголемена активност на вирусот на грип, а во дел од градовите бројката расте енормно. Според нивните податоци најмногу се разболуваат деца на училишна возраст, но вирусот активно се шири и кај возрасната популација.

„Во македонија се пријавени 1725 случаи на групни пријави на заболени од грип или заболувања слични на грип. Пријавената инциденца е над неделната граница на средна активност на вирусот на грип на национално ниво. Највисока инциденца е регистрирана кај децата на возраст од 5 до 14 години. Како што спомнав пријавите ги добивме од 18 места и според добиените податоци регистрирани се најмногу случаи во Скопје-716, во Тетово 339, Куманово 150, Велес 109, Штип 60, Дебар 54, Гостивар 49, Прилеп 45, Охрид 44, Битола 40. Мораме да забележиме дека во Дебар се бележи многу висока активност на Грипот, во Велес и Тетово се бележи висока активност, средна активност регистрирана е во Скопје, Куманово и во Штип.“- вели директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска.

Од Институтот за Јавно здравје посочуваат дека ова е прв пат во текот на сезоната грипот да достигне ваква висока бројка на национално ниво, и алармираат дека бројот на заболени ќе продолжи да расте.

Реклама

„Како епидемиолошки коментар можеме да издвоиме дека се забележува значително зголемување на бројот и инциденцата на заболувања слични на грип на неделно ниво. Во текот на првата недела од 2026 година за прв пат во сезоната е регистрирана средна активност на грипот на национално ниво. Согласно овие податоци Македонија има висок интензитет на вирусот на грип со очекување на понатамошно зголемување во наредниот период.“- вели Марија Андоновска.

Од Институтот за јавно здравје апелираат на почитување на општите превентивни мерки како избегнување на големи собири и затворени простории со многу луѓе, редовно миење на рацете, проветрување на просториите и одржување на здрав животен стил. Кај лицата со симптоми се препорачува да останат дома и веднаш да се јават кај матичен лекар, а кај ризичните категории при секое влошување итно да се побара лекарска помош. Институциите најавуваат дека внимателно ќе ја следат состојбата и, доколку бројките продолжат да растат, ќе следат и дополнителни препораки.