Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Грчките земјоделци до петок нема да ги блокираат граничните премини Евзони и Ники кон нашата земја

Сообраќајот на граничните премини Евзони и Ники кон нашата земја за влез…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сообраќајот на граничните премини Евзони и Ники кон нашата земја за влез и излез од Грција, во следните денови, до петок ќе се одвива непречено, со оглед на тоа што грчките земјоделци одлучиле привремено, поради Божиќ, да ги стават во мирување блокадите, според грчката новинска агенција АНА-МПА, но тракторите ќе останат паркирани на границите.

На граничниот премин Евзони (Богородица) земјоделскиот блок со над 300 трактори беше поставен на 1 декември, а сообраќајот секојдневно се блокираше на неколку часа, првично претпладне и попладне, а во изминатиот период само во попладневните часови.

Според АНА-МПА во текот на денот тракторите и земјоделските возила поставени на средината на коловозот ќе бидат тргнати и земјоделците ќе ги паркираат на левата и десната страна, со што целосно ќе се ослободат сообраќајните ленти и ќе се овозможи непречено минување на товарни возила, туристички автобуси и патнички автомобили.

Реклама

Сепак земјоделците ќе останат и планираат таму да ги поминат празниците, но без да се попречува нормалното одвивање на сообраќајот.

Слична е ситуацијата и на Ники (Меџитлија) каде што земјоделците одлучиле до петок да не го блокираат сообраќајот.

Од друга страна, остануваат, барем во текот на денешниот ден, блокадите на граничните премини Промахонас и Ексохи кон Бугарија, но само за товарни возила.

Во однос на блокадите низ цела Грција, целта на земјоделците во пресрет на Божиќ е да ги отворат автопатите за граѓаните непречено да стигнат до нивните дестинации, но без при тоа да ги повлечат целосно тракторите.

Нивниот план е тракторите да останат паркирани на крајот на автопатите, за што полицијата смета дека не е безбедно на таков начин да се одвива сообраќајот.