Реклама

Револуција на ТВ Алфа: Вештачка интелигенција за натсинхронизација на новата серија „Бурни времиња“

Дизелот поевтинува за 4,5 денари – мерките даваат ефект, економијата може да дише

Шестмина приведени во антитерористичка акција, откриена голема количина оружје

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Прилози

Граѓаните револтирани, со месеци не земале пари за туѓа нега, Министерството за здравство ветува дека ќе го реши проблемот

„Љубовта кон родителот е безусловна, моја главна преокупација е како да му…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Љубовта кон родителот е безусловна, моја главна преокупација е како да му помогнат на  мојот татко да извојува победа со најтешката болест, во децениската борба за живот“, вели охриѓанката Марија Андреа.

Таа е една од многуте во државава кои не можат да го остварат правото на туѓа нега, бидејќи веќе 4 месеци не функционираат комисиите кои одлучуваат за тоа. 5400 денари, кои месечно ги добиваме за туѓа нега, за член во семејството,се пари со кои успевавме да се закрпиме и да му ги обезбедиме скапите лекови, вели Марија, без тие сретства ние не можеме да опстанеме, а камоли да преживееме.

„Татко ми е скоро 9 години болен, шест месеци откако е направен операција, имаше тумор на главата. На човекот му е потребно да има некој дома бидејќи јас и мајка ми двете работиме, нема со кого да седи, ни требаат пари. Неподвижен е, раката му е фатена, ногата му е фатена, лековите се премногу скапи”, вели Марија Андреа, ќерка на болно лице.

Реклама

Проблемот не е актуелен само во Охрид и жителите на Струга, Ресен, Дебар, но и од други градови во внатрешноста не можат да го остварат правото на туѓа нега. Поради нефункционалноста на комисиите, матичните лекари не можат да закажат темин.

„Искрено да ви кажам ние порано ги праќавме на комисии каде што беа лоцирани во Битола, во Тетово, во Охрид, во Скопје меѓутоа воопшто нема никаков термин на ни една локација буквално нема термин. Термините порани ни излегуваа и ние дури едно време имавме темин за пациент Гевгелија ќе му направевме термин за нега ако живее во Струга, таму ќе најдевме слободен термин меѓутоа сега нема никаде воопшто термини нема”, вели Хаџер Алиед-матичен лекар од Струга.

Од министерството за здравство и труд и социјална политика уверуваат дека проблемот брзо ќе се надминел.

„Во овие установи, како што се Гостивар, Кичево, Кавадарци, Охрид и други, ќе бидат воспоставени нови комисии.Потоа законски, директорите на јавните здравствени установи ќе предложат членови за комисиите до Министерството за здравство кое донесува решение за формирање на комисијата за туѓа нега и помош во соодветната јавна здравствена установа”, велат од Министерството за здравство.

Во охридската општа болница веќе била формирана стручна лекарска комисија за издавање на наод, оценка и мислење за потребата од помош и нега од друго лице.

Новинар Росица Голабоска