Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Економија

Граѓаните чекаат на подобри услуги и пониски цени во мобилната телефонија

Граѓаните чекаат на подобри услуги и пониски цени во мобилната телефонија. Сметаат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Граѓаните чекаат на подобри услуги и пониски цени во мобилната телефонија. Сметаат дека влез на трет мрежен мобилен оператор само ќе ја усоврши мобилната телефонија во земјава. Сметаат дека во овој домен треба да има поголема конкуренција, како на пример во Грција, Бугарија, Србија, Црна Гора, Косово кои имаат по три или повеќе даватели на вакви услуги.

Подобро поголема конкуренција, отколку дуопол на две компании кои имаат слични понуди за граѓаните и фирмите и сличен удел на пазарот. Според аналитичарите, влезот на уште една компанија ќе придонесе не само кон зголемување на квалитетот, туку и забрзана дигитализација и иновации во мобилната телефонија.

„Влегувањето на трет мобилен оператор на македонскиот пазар ќе има позитивни ефекти затоа што конкуренцијата секогаш носи позитивни пазарни ефекти во насока на подобрување на квалитетот и зголемување на ефикасноста во работењето, нови иновации и подобри услуги за потрошувачите. Дополнително, се очекува зголемената конкуренција на пазарот со влегувањето на нов оператор да придонесе и во делот на воведување на нови технологии, забрзување на дигитализација и нови иновативни услуги за граѓаните и бизнисот“ – вели универзитетскиот професор Дарко Лазаров.

Реклама

На почетокот на месецов унгарската 4ИГ испрати писмо со намери до Владата за влез на македонскиот пазар. На писмото му претходеше средба во Будимпешта на министерот за транспорт Александар Николовски со првиот човек на компанијата.

Николовски најави евентуален влез на 4ИГ и рече дека ако се оди со таа опција, постапката ќе биде законска и ќе се распише тендер. Целта е граѓаните да бидат позадоволни, бидејќи, според него, во моментов, не постои никаков натпревар меѓу операторите во делот на нудење на подобри услуги, ниту во делот на пониски цени за граѓаните.

Во земјава во моментов работат два мрежни, три виртуелни мрежни мобилни оператори и еден оператор препродавач. Двата најголеми оператори имаат речиси ист удел на пазарот, од околу 47%.