Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Градоначалникот Лимани му го додели „клучот на градот“ Гостивар на албанскиот претседател Бајрам Бегај

Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај во рамки на неговата тридневна посета…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај во рамки на неговата тридневна посета на Македонија, денеска беше во Гостивар на средби со локални политичари и претставници на етничките заедници.

Во обраќањето во општина Гостивар, напомна дека албанскиот фактор во Македонија е државотворен и дека суштински придонесува за политичката стабилност на земјата и нејзината евроатлантската ориентација. Бегај меѓу другото порача дека албанската политичка елита, како во власта така и во опозицијата, треба да ги надмине разликите и личните или партиските интереси.

Во негова чест беше организирана пригодна церемонија на која симболично од страна на градоначалникот Ваљбон Лимани му беше предаден „клучот на градот“, највисокото признание што го доделува Општина Гостивар на личности со особен придонес и значење.

Реклама

– Заедно со Градскиот совет, каде што морам да ви кажам дека имаме и Македонци и Турци, едногласно како големо семејство какво што сме, донесовме одлуката, рече гостиварскиот градоначалник Лимани и порача дека тој секогаш ќе биде добредојден кај гостиварци.