Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, денес изврши увид на дел од улицата „Драмечка“, како и на крак од истата улица, каде што во моментов се реализира проект за изградба на дел од улицата и дел од атмосферската канализација.
Како што информира Гоцевски, целта на теренската посета била директно запознавање со текот и квалитетот на досегашните градежни активности.
-Проектот предвидува изградба на улица со вкупна должина од 155 метри, со што значително ќе се подобрат условите за сообраќај, безбедно движење и ефикасно одведување на атмосферските води во овој дел од градот, информира Гоцевски.

Вкупната вредност на проектот изнесува 2.862.015 денари, средства кои се обезбедени од Министерството за транспорт на Република Македонија.
-Изведувач на градежните работи е компанијата „ОСД Кирил“ од Штип, а реализацијата на проектот е планирано да продолжи и во текот на 2026 година, додаде градоначалникот.
Гоцевски нагласи дека Општина Делчево ќе продолжи со директен надзор и активна теренска работа, со цел сите инфраструктурни проекти да се реализираат квалитетно, навремено и во интерес на граѓаните.
