Реклама

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Македонија

Градоначалникот Богоев ќе продава парцела која е дел од непостоечки ДУП?!

Општина Карпош по пат на јавно наддавање продава државно земјиште во Тафталиџе.…

Сподели:

Општина Карпош по пат на јавно наддавање продава државно земјиште во Тафталиџе. Градежна парцела со површина од 368 квадратни метри, лоцирана во близина на пожарната станица во Карпош, дел кој е сега зелена површина. На сегашното државно земјиште треба да се подигне станбен објект од приземје, два ката и поткровје.

Општина Карпош во огласот вели дека почетната цена на електронското јавно наддавање е 61 денар за метар квадратен, односно само 22.480 денари за вкупната површина. Цената било можно да достигне до 500 евра за 1м2 на  јавното наддавање кое ќе се одржи утре и ќе трае 15 минути.

Граѓаните незадоволни, пишуваат по соцјалните мрежи, а револтот го искажаа и пред камерата на Алфа. Се сомневаат дека некој ќе профитира со продажбата на државното земјиште.

Реклама

Регираше и опозицијата во Карпош..Координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ , Тони Јаревски кратко по истекот на рокот за поднесување на понудите објави барање за итно поништување на огласот. Тој приложи докази дека Деталниот урбанистички план врз основа на кој се распишува огласот не постои ниту пак бил разгледуван или изгласан на седница на советот на Општина Карпош, како што е наведено во огласот.

Барам ПОНИШТУВАЊЕ на огласот за продажба на земјиштето во Тафталиџе ВЕДНАШ!!

Не ме интересира дали станува збор за манипулација, дилетантизам, неспособност или грешка.

Земјиштето во огласот (сл. 1) се продава врз основа на ДУП што НЕ ПОСТОИ!-пишува Тони Јаревски на Фејсбук.

Јаревски порача дека се цврсто решени да ја спречат продажбата на земјиштето и најави дека ќе достават поднесок до Државното Правобранителство.

Градоначалникот Богоев спокоен, вели дека постапката се спроведувала според законската регулатива и нагласува дека  станувало збор за изградба на индивидуална куќа, а не зграда во линија на целиот потег.