Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Градоначалникот Ѓорѓиевски на средба во Кисела Вода, граѓаните претставија идеи, предлози и проблеми

Во рамки на теренската посета „Блиску до народот – доследни на зборот“,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на теренската посета „Блиску до народот – доследни на зборот“, во организација на градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски во Домот на култура „Билјана Беличанец“ во општина Кисела Вода се одржала средба со граѓаните  кои ги споделија своите идеи, предлози и проблеми, информира денеска прес-службата на Град Скопје. 

На средбата присуствувале претставници на институциите, директори на јавните претпријатија, како и градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, при што била потенцирана заложбата институциите да бидат директно присутни меѓу граѓаните и навремено да одговараат на нивните потреби.

– Во отворен разговор со присутните граѓани беа разгледани актуелните проблеми со кои секојдневно се соочуваат жителите на Кисела Вода, тековните проекти што се реализираат, како и идните активности и планови за развој на Скопје. Од средбата беше испратена јасна порака дека вистинските промени се создаваат преку директна комуникација со граѓаните и преку заедничка работа на терен, се вели во соопштението. 

Реклама

Град Скопје најавува дека теренските посети „Блиску до народот – доследни на зборот“ продолжуваат и во останатите скопски општини, со цел институциите да останат достапни, отчетни и блиски до граѓаните.