Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Градоначалниците на Берово и Пехчево на новогодишна ноќ во посета на дежурните служби

Градоначалниците на Берово и Пехчево, заедно со претставници на советите на двете…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалниците на Берово и Пехчево, заедно со претставници на советите на двете општини, синоќа по полноќ ги посетија дежурните служби кои за време на новогодишната ноќ се грижат за здравјето, безбедноста и благосостојбата на граѓаните.

Во Берово, градоначалникот Петар Ружински, заедно со претседателот на Советот на Општина Берово, Владко Шахpаски оствари посета на здравствените, безбедносните и комуналните служби, како и Домот за стари лица, при што на вработените им ја честита Новата година и им изрази искрена благодарност за нивната пожртвуваност и континуиран ангажман. Притоа беше истакнато дека нивната работа претставува темел на сигурноста и стабилноста на општината.

Во Пехчево, градоначалникот Александар Китански, заедно со членот на Советот на Општина Пехчево Благојчо Јовевски, ги посети институциите и вработените кои работеа трета смена за време на новогодишната ноќ. За време на посетата, тие се информираа за условите за работа и предизвиците со кои се соочуваат вработените, при што беше нагласена важноста на нивниот придонес за непречено функционирање на заедницата.

Реклама

На вработените им беа упатени честитки за Новогодишните и Божиќните празници, како и желби за добро здравје, среќа и успеси во Новата 2026 година.