Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска и Црвен Крст со хуманитарни пакети за семејства во социјален ризик

Во рамки на активностите по повод Светскиот ден на волонтеризмот, градоначалничката на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на активностите по повод Светскиот ден на волонтеризмот, градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денеска на семејства кои се наоѓаат во социјален ризик им достави хуманитарни пакети со основни прехранбени продукти. Акцијата е реализирана како дел од заедничка иницијатива на Општина Кисела Вода и општинската организација на Црвениот крст на Македонија, соопштуваат од Општина Кисела Вода. 

Поддршката опфатила повеќе семејства од територијата на општината, на кои преку оваа активност им била обезбедена конкретна помош за полесно справување со секојдневните животни потреби. Во реализацијата биле активно вклучени и волонтерите на Црвениот крст, чиј ангажман е значаен дел од целиот процес.

Општина Кисела Вода, велат оттаму, во соработка со Црвениот крст, континуирано спроведува мерки и активности насочени кон унапредување на социјалната заштита, со јасна цел, навремена и ефикасна поддршка за оние на кои најмногу им е потребна.

Реклама

-Светскиот ден на волонтеризмот нè потсетува на важноста на солидарноста и грижата еден за друг. Денес, преку соработката со општинската организација на Црвениот крст и нивните посветени волонтери, обезбедивме конкретна поддршка за семејствата кои се соочуваат со социјални предизвици. Општина Кисела Вода ќе продолжи да ги поддржува ваквите иницијативи и да гради политики во кои човекот и неговото достоинство се секогаш на прво место- изјави градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.