Реклама

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонија

Градоначалничката на Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска одржа нов отворен ден за средби со граѓаните

Општина Кисела Вода соопштува дека во просториите на локалната самоуправа денеска се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Кисела Вода соопштува дека во просториите на локалната самоуправа денеска се одржал нов отворен ден посветен на директни средби и комуникација со граѓаните. Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, заедно со советници од Град Скопје, остварила средби со околу 50 жители, а биле реализирани и над 20 телефонски разговори со граѓани кои ги презентирале своите барања, идеи и предлози.

-Главната заложба на овие средби е секој жител што има потреба да биде сослушан. Преку непосредниот контакт се создава простор за искрен разговор и се бараат заеднички решенија кои директно ќе придонесат за поквалитетен живот. Ваквиот транспарентен начин на комуникација овозможува навремено согледување на секојдневните предизвици со кои се соочуваат жителите и ефикасно постапување при нивното решавање, стои во соопштението од општината.

Приемните денови се организираат за време на викендот, односно во сабота. Од Општина Кисела Вода велат дека отворените денови за средби со граѓаните ќе продолжат да се реализираат со истата динамика и во наредниот период.